Се накотија битанги по светов!!! Уште еден монструм, овој пат од САД!

7 август, 20110
warren_jeffs_415409S1

Не мисли на болката. Мисли како еден ден ќе одиш во рајот. Oвие зборови и ги рекол Варен Џеф водачот на Фундаменталистичката црква на “Исус Христос, светците на последниот ден” на својата 12 годишна невеста во текот на свадбениот ритуал, што всушност било силување на малото девојче. Целиот настан бил снимен на аудио уред.

Аудио снимката ги расплакала присутните во судот како и поротата. Џеф бил прогласен за виновен за сторено дело, сексуално злоупотребување на малолетни деца. Едното дете било на 12, а другото на 14 годишна возраст.

Водачот на Фундаменталистичката црква ја исчекува пресудата и би можел да добие казна затвор во траење и до 119 години.

Според верувањата на сектата, доколку мажот има повеќе жени, тој ќе добие подобар статус во рајот. Додека жените во рајот можат да одат само ако ги повика мажот, кои во текот на заедничкиот живот мора да ги задоволуваат, и да им раѓаат многу деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *