Бројот на жени кои се на менаџерски позиции е во опаѓање на глобално ниво, покажало годинешното истражување на Грант Торнтон Интернешнл. Само пред две години, бројот на жените кои биле на раководни функции бил 24 насто, а тој изнесува 20 отсто. Во тримесечно истражување кое се однесува на приватниот бизнси сектор, се покажало дека бројот на компаниите кои немаат жени во својот менаџмент е зголемен за 38%, во споредба со 35% во 2009 година.
Според истражувањето, Тајланд може да се пофали со најголем процент на жени во повисокото раководство (45%), по што следуваат Грузија (40%), Русија (36%), Хонг Конг и Филипини со (35%). Земјите со најниски стапки се Индија, Обединетите Арапски Емирати и Јапонија, каде што помалку од 10% жени се на високи менаџерски позиции.
Ружица Филипчева, менаџер партнер во Грант Торнтон Македонија изјави дека е разочарувачки да се види дека глобалното учество на жените во повисокото раководство не покажува знаци на раст, туку враќање како во 2004 година.
“Се чини дека жените менџери го носат товарот од глобалната економска криза, и голем дел од компаниите на клучни позиции поставуваат мажи”, вели таа.
Истражувањето покажува дека земјите од Г-7 заостануваат зад глобалниот просек, со само 16% од жени кои се на високи позиции, додека регионално Азија (без Јапонија) има највисок процент на жени на менаџериски позиции, дури 27%. Најголем процент на жени менаџери има во Тајланд, потоа Хонг Конг, зад кои се Грција, Белгија и Боцвана, каде што процентот е зголемен за дури 7% во споредба со 2009 година.
Според секторска поделеност во компанијата, најголем процент на жени менаџери, 22% се на позиции финансов директор, зад која позиција следуваат, со 20% секторот човечки ресурси, маркетинг секторот и продажба((9%).
Глобално, во само 8% од компаниите, на чело се жени, додека во Тајланд тој процент е дури 30, Кина 19, Тајван 18 и Виетнам 16 %.
Извор: Нетпрес