Се продава парче торта од свадбата на Лејди Ди

popara16 јуни, 20111min00
126341

На саемот на антиквитети во Лондон најголема атракција е парчето торта од венчавката на Лејди Ди, и покрај тоа што на продажба се и уметничките слики – масло на платно на Џоан Миро вредни милиони фунти и Пикасовиот порцелански сервис.

Парчето торта од свадбата на принцезата Дијана е понудено за 500 фунти, а станува збор за кулинарско дело на еден од најпознатите англиски слаткари.

Во Бакингемската палата биле изедени стотици парчиња од тортата, а преостанатите примероци се исклучиво ретки и им припаѓаат на вредни колекционери.

Од тука може да ве зачуди и фактот дека за парчето торта се понудени “само“ 500 фунти.

“Тортата не е расипана бидејќи е направена од овошје и ореви, и без трошка чоколадо“, изјавил сопственикот на тортата лан Шапиро, кој тврди дека тортата е се’ уште вкусна. Никој не го прашал – од каде тој го знае тоа ?

Извор: Нетпрес

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma