Се разбуди “АНА” со ултиматум. Се крчка ли нешто на северот на Косово

popara23 август, 20111min00
86194966-kosovo-terror

Терористичката Албанската национална армија (АНА) се заканила со вооружена акција во северниот дел на Косово, доколку косовските институции до крајот на септември, не формираат армија на Косово.

Испративме ултиматум до премиерот и претседателот на Косово, дека до 30 септември мора да формираат вооружена војска на Косово! И ако нашите барања се игнорираат, ќе бидеме принудени да ги продолжиме своите воени операции во северниот дел на Косово, изјавил Сазан Топлица, портпарол на оваа мистериозна организација, и додал дека ова е втора шанса на косовските власти.

“АНА” по прогласувањето на независност на Косово, најавила привремена суспензија на своите активности со цел да им даде шанса на локалните институции да консолидираат вооружените сили на Косово, изјавил Топлица.

Министерот на полицијата за Косово, Бајрам Реџепи изјавил за Курир.рс дека “не паѓаат на такви изјави.”

Тоа се приказни за мали деца! Нам не ни треба на северно Косово поединечни покосовски јунаци! Имаме полициски сили, КФОР, ЕУЛЕКС, и ве уверувам дека нема да има никакви немири и терористички напади нагласил Реџепи, не исклувајќи ни спроведување на истрагата за оваа организација.

Државниот секретар во Министерството за КиМ, Оливер Ивановиќ изјавил дека АНА всушност ги покажува “желбите и намерите на властите на Косово.”

Верувам дека обвинителот на ЕУЛЕКС ќе спроведе истрага во врска со АНА. Да видиме што е направено во изминатите неколку години, кога станува збор за АНА, бидејќи тие не постојат од вчера – нагласил Ивановиќ. УНМИК, албанската национална армија во 2003 година ја прогласил за терористичка организација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag