Британската актерка и модел Елизабет Харли се развела од италијанскиот бизнисмен Арун по четири години брак.
Во средата беше објавено дека двојката се развела на суд во Лондон, а веќе во декември минатата година 46годишната актерка се одделила од својот сопруг и почнала да излегува со Шејн Варни. Папараците ги уловиле како се бакнуваат во хотел во Лондон.
Харли и Шејн тогаш објавиле дека нивните бракови веќе некое време се во криза и престанале да се кријат.
Британската актерка по разводот на Twitter објавила: “Болен, тажен ден. Арун и јас се разделивме од приватни причини, но тој сепак е прекрасен татко на нашиот син Дамјан и секогаш ќе биде присутен во неговиот живот “