Се сеќавате на ѕвездите од Беверли Хилс 90210? Погледнете како изгледале некогаш, а како денес!

10 август, 20110
90210-33-beverly-hills-90210

Се сеќавате ли на вашите омилени ликови од неверојатно големиот серијал на Беверли Хилс 90210? Вреди да се потсетиме на Кели, Бренда, Брендон, Дона… сите оние со кои пораснавме. Но, освен тоа што ќе се присетиме и на тоа како тие изгледале во младоста, ви ја нудиме и можноста да ги видите како тие изгледаат сега.

Џени Гарт

Во серијата ја имаше улогата на Кели Тејлор. Слатката блондинка која и беше најдобра пријателка на Бренда. Но, се разви љубовта помеѓу неа и Брендон. Потоа следеа многу заплети и расплети. Погледнете како изгледа Кели сега.

 

 

Џејсон Пристли

Попопуларен како Брендон Волш. Ова беше момчето во кое беа вљубени многу тинејџерки. Но, сега сигурно не би го препознале. Каде ли е она мило момче Брендон?

 

 

Шенон Доерти

Таа ја имаше улогата на сестра близначка на Брендон, Бренда Волш. Сега веќе Бренда не е она што беше. Можеби и стресниот живот и дават разводи сепак си го направија своето.

 

 

Брајан Аустин Грин

Се сеќавате ли на проблематичното момче Дејвид Силвер? Е сега тоа проблематично момче за сопруга ја има една од најсекси жените на денешницата. Тој е во брак со Меган Фокс.

 

 

Тори Спелинг

Таа ја имаше улогата на младата и невина Дона Мартин која се плашеше од љубовта. Денес Тори е успешна сопруга и мајка. Освен во актерството Тори пројавува интереси и талент за модата.

 

 

Лук Пери

Актерот кој го запознавме како Дилан МекКеј. Тој и беше првата љубов на Бренда. Сега Дилан повеќе не е она шармантно момче кое знаеше како да ги освојува жените.

 

 

Габриел Картерис

Ретко кој може да се сети на овој лик, кој и не беше нешто посебно интересен. Таа беше “бубалицата” Андреа Цукермен. Таа беше вљубена во брендон Волш. Кратко по завршувањето на овој филм, беше домаќин на шоуто на VH1 телевизија. Веднаш по тоа имаше улога во филмот Past Tenese во 2006 година, кога заради повреди беше делумно парализирана.

 

 

Јан Зиеринг

Актерот кој се прослави со улогата на Стив Сандерс беше лик кој не ја фасцинираше многу женската публика.Тој подоцна ја продолжи кариерата но на Танцот со познатите.

 

 

Тифани Тисен

Тифани ја имаше улогата на лошата девојка Валери Мелон. Во тоа време таа се состануваше со Дејвид, поточно Брајан. Тој изјавил дека ретко која девојка може да седи таму и да гледа како нејзиното момче се бакнува со други девојки. Сега таа е среќно мажена и ја доби ќеркичката Харпер Рен во 2010 година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *