Американските медиуми пренесоа дека Џенифер Анистон се скарала со својата долгогодишна пријателка Кортни Кокс.
Како причина за кавгата била тоа што Анистон и замерувала на Кортни за односот кој сега го има со нејзиниот сопруг Дејвид Аркет. На Анистон се тоа многу и личело на нејзиниот однос со Бред Пит, и затоа инсистира Кортни да престане да го дозволува тоа.
Блиски извори на пријателките, изјавиле дека Џенифер е лута на она што го прави Кортни. Откако Дејвид ја изневерил и се предал на алкохолот, таа се повлече. Сега пак е со него, му дава лажна надеж, а тој пак, со цел пак да биде со неа заминал и на лечење на зависнота од алкохол. За тоа време, Кортни се гледа со други мажи… Сето тоа не и се допаднало на Џенифер и и замерила на својата пријателка.