Се спојува руралната српска “естрада”!!! Аца Лукас и Дара Бубамара “у вези”:))

28 јули, 20110
aca i dara

Никој не е крив!

Дара Бубамара и Аца Лукас се смириле за време на вчерашната средба во хотелот “Авала” во Будва. Поминале преку навредите кои си ги изјавија еден на друг во последниве три години. Расправиите започнаа на Grand фестивалот во 2008 година, кога Дара, видно потресена од лошиот пласман, театрално ја напуштила манифестацијата и не му ја честитала победата на колегата.

-Дара и Лукас сосема случајно се сретнаа на рецепција во хотел. Лукас и пријде и и подаде рака, на која таа возврати. Разменија наколку реченици, се извинија еден на друг за сите навреди, а потоа седнаа и се напија пијалок заедно. Следните два часа разговараа и се смееја, како ништо да не се случило, отрива извор кој бил на местото на настанот.

Дека тоа “историско помирување”, навистина се случило, потврдува и пејачката.

-Точно е дека јас и Лукас се смиривме. Кога успеавте да дознаете?! Двајцата кажавме некои работи во афект, а не ни доликува така да се однесуваме. Ние сме долгогодишни пријатели, јас ги пеам неговите песни на своите настапи и никогаш не му посакував ништо лошо – изјавила Дара.

Изјавите од Аца за Дара…

  • Дара Бубамара е дебела барбика за дебели деца. Таа е една мини-пејачка, која всушност повеќе личи на жената на Паја Патак.
  • Таа “паметница” со мозокот колабирала, судејќи по нејзината висина, до четврто одделение живеела во инкубатор.

Дара за Аца…

  • Аца е клошар!
  • Нека ужива во CD-то на “дебелата барбика”! Со задоволство и на своите концерти ќе му покажам како го прави тоа “дебелата барбика”. Со мојата музика сите ќе ги заќутам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi