Американката која на телевизија призна дека и става ботокс на нејзината осумгодишна ќерка најверојатно лажела само за публицитет.
По нејзиното гостување во емисијата “Добро утро Америка“ се крена голема прашина во јавноста. Набрзо реагираше и социјалната служба која и го одзема детето кое моментално е сместено кај роднините, а покрената е и истрага.
Но, во истрагата не можат да се пронајдат никакви докази дека Кери Кемпбел навистина и давала ботокс на ќерка си.
Еден нејзин пријател открил дека Кери е опседната со реални шоуа и дека сакала да стане позната по секоја цена. Исти така, во емисијата Кери рекла дека по секоја цена сака да ја разубави ќерка и затоа што редовно настапува на избори за убавина, но нема докази дека девојчето некогаш настапило на таков избор.
Како и да е, истрагата е во полн ек и без оглед на резултатите, најверојатно Кери повторно ќе добие трајно старателство над ќерка и.
“Многу мајки би требало да им ставаат ботокс на своите ќерки. Би сакала и јас како мала да ја имав оваа предност во животот“, рекла Кери во гостувањето во утринската телевизиска емисија.
Извор: Нетпрес