Sebastian Vettel- шампион без конкуренција!

popara27 јули, 20111min00
Sebastian-Vettel-001

Најмладиот победник, а сега и најмладиот првак во историјата на овој спорт, за 2010 година во Формула 1, Sebastian Vettel.

Суперлативите за 23 годишниот Германец, возач на Ред Бул,не се ништо ново. Vettel веднаш остави впечаток со неговото прво појавување на стазата.

Тој ја фасцинирал јавноста уште на самиот негов почеток кога на 15 годишна возраст го освоил второто место 19 пати на јуниорска формула БМВ.

Потоа на 18 годишна возраст победил на 18 од 20 трки и тоа со убедлива победа. Тоа направи да му се предвиди блескава иднина, по што следеше високо рангирање на Лигата.

Во 2007 година го имал своето деби за Големата награда на САД,  кога го заменил Роберт Кубица, како трет возач на тимот, кој бил повреден во тоа време. Тогаш бил најмладиот возач кој учествувал на Гран-при викендот. Тој тест покажал дека Vettel е алармантно брз, и било јасно дека е новата ѕвезда. По 73 исцрпувачки круга во трката во 2007 година, Vettel е запишан во книгата на историјата на осмото место и како најмлад учесник со најмногу поени.

Во 2008 година Vettel имал повторно успех на стазата. Тој како возач на Ред Бул на Италијанското ГП одлично се соочил со дождливата стаза и бил повторно запишан во книгата на рекорди како победник со најмалку години.

Во 2009- та година повеќе од очигледно беше дека тој ќе биде на кормилото на новиот Ред Бул RB5. Тоа и се покажало како добитна комбинација. Тој ја постигнал победата на влажното Кинеско ГП, па продолжи со дополнителната победа во Велика Британија, Јапонија и Абу Даби, кој со заедно со низа на сите овие пласмани заврши втор на првенството.

Во 2010 година Vettel имаше извонредна победа во Сепанг и Валенсија.

Сега во 2011 Vettel сеуште ужива во сјајот на славата и чека на нов возбудлив предизвик.

За своите пбеди и Vettel даде изјава: На крајот од 2010 година се чувствував многу уморен и ми беше потребен одмор. Сега сум одморен и со нетрпение го очекувам следниот предизвик.

Минатата година го добив трофејот во Монако, но таму секој добива по еден, со иронична насмевка изјавил Vettel. Сепак оваа година ќе треба многу да се потрудам за да го задржам пехарот во мојот дом.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag