Седење пред тв, со чипс и сок го зголемува ризикот од болести

Гледањето телевизија повеќе од два часа дневно може да доведе до прерана смрт, според резултат од истражувањето на 235.000 луѓе. Откриено е дека секои дополнителни 20% го зголемуваат ризикот за развој на дијабетес тип 2, 15% расте ризикот од срцеви заболувања, а 13% е зголемен ризикот од смрт.
Недостатокот на вежби и лошата исхрана додека гледате телевизија исто така го зголемуваат ризикот од болести.
Оваа студија само ги потврдила веќе постоечките докази дека активностите од овој тип, како што е гледањето телевизија, го зголемуваат ризикот од многу болести.
Важно е седењето пред телевизор со чипс, грицки, алхохол и слатки сокови да не ви премине во редовна активност. Треба да внимателни за тоа колку време ќе поминете пред телевизор.