
Оваа година цветниот принт доминира по модните писти. Оној сив, дискретен машки изглед, заменет е со женственост. Цветните додатоци се одличен начин да се обидете да го користите цветниот принт како сезонска традиција.
Бидете женствени, цветниот модел дефинитивно треба да преовладува во плакарот на една романтична девојка. Наместо цветни фустани можете да облечете цветно здолниште и еднобојна маичка.
Бидете привлечни, со вистинската облека, цветниот принт може да ви даде малку лоша страна. Наместо да бирате пастелни тонови, обидете со доминација на цветен принт во темни бои. На овој цветен изглед додадете некои поостри аксесоари, како кожна јакна. Не се плашете да експериментирате, само така ќе дојдете до изгледот којнајмногу ќе ви одговара.