Сејшели – кралскиот избор

Сејшелите се идеална локација за да се избега од реалноста. Сејшелите се наоѓаат во Индискиот Океан во близина на Екваторот. Овде можете да пронајдете се што е потребно за идеален одмор и за меден месец, топло време, песночни рајски плажи, изолација, луксуз и романтика.
Сејшелите се составени од повеќе од 100 острови прекриени со палми. Белите плажи се опколени со кристално чисто тиркизно море и светилиште за морски желки.
Фасцинантната природа, коралните гребени, апсолутната тишина, без комарци и маларија и опасни животни. Голем број од плажите се тотално отдечени од луѓето, комплетно се празни, но и често недостапни.
Имено токму на ова место војводата и војвотката од Кембриџ заминаа на својот меден месец. Тие ќе бидат сместени во ексклузивна вила, во која едно ноќевање чини околу 4500 евра, а се наоѓа на едно од најубавите и најромантичните острови во светот.
Комплексот е опкружен со кокосови палми, нуди селосна изолација и луксузни вили распрснати насекаде на островот. Вилите се изработени од локални дрва, секоја од нив има бања на отворено, приватна градина и дрвен трем со базен и павилјон за јога. Во секоја вила на располагање е личен батлер и личен готвач кој го прави дневното мени, базирано на свежо уловена риба и различни десерти.
Оваа област е вистински еколошки рај, единствените спортови кои се доволени се нуркање и возење со кајак, бидејќи скијањето на вода и други слични спортови се забранети за да се задржи мирот и релаксацијата.
Сејшелите имаат највлажна клима во јануари, а во мај ветровите одржуваат пријатно време во текот на вечерта. Дневната температура во мај се движи од 24 до 32 степени, што е идеално за пливање и нуркање. Може да се преминува од еден на друг остров, бидејќи ги има преку сто и да уживате и на некои други плажи.