Адвокатите на полигамното семејство кое се прослави со своето ријалите шоу, побарало од федералниот суд во Јута да ја прифати нивната жалба за законот на американската сојузна држава за бигамија.
Коди Браун и неговите жени, Мери, Џанел, Кристина и Робин, поднеле тужба во јули против американскиот окружен суд во Солт Лејк Сити.
Јунаците на ова реално шоу тврдат дека законот е неуставен бидејќи го крши нивното право на приватност, така што им забранува да живеат заедно, а во тие рамки влегувале и нивните приватни сексуални односи.
Според законот во Јута, луѓето се виновни за бигамија, доколку имаат повеќе дозволи за брак или ако парот живее со друга возрасна личност во врска која наликува на брак.
Браунови и нивните 17 деца се преселиле во јануари во Невада, откако полицијата покренала истрага за бигамија.