Фудбалерот на Барселона, Чави Хернандез му честитал на Реал за победата од 1:0 во финалето од кралскиот Куп, истакнувајќи дека неговиот тим сепак се фокусирал на двете поважни натпреварувања, шпанското првенство и Лигата на Шампионите.
“Ова е спорт, се случуваат порази. Ние бевме добри, но не “фатија” на контранапад и го освоија трофејот. Им честитаме, а ние се насочуваме кон другите натпреварувања. Во соблекувалната едни н а други си рековме дека мора да продолжиме таму каде шѓто застанавме, но и констатиравме дека во финалето од Купот добро се надмудрувавме. Сепак, за нас Примера и Лигата на Шампионите се најважни.” – рекол Чави.
Тој смета дека Барса била близу до победа во мечот одигран во Валенсија.
“Во првото полувреме бевме израмнети, но во вториот дел ние бевме подобри. Само… не постигнавме погодок. Тоа што го очекувавме од Реал, тоа и се случи: играа пресинг, не забавија и не чуваа ‘човек на човек’”, вели Чави.
Со Чави се согласува и Серхио Бускетс:
“Во фудбалот не треба да се објаснуваат многу работи, едноставно се случува некој пат подобриот тим и да не победи. Ни останува да научиме од овој пораз, психички да се вратиме и да размислуваме за следниот меч, против Осасуна.” рекол Бускетс.
Извор: Спортнет