Истражувањата на психолозите покажале дека на просечниот човек секојдневно му поминуваат 60.000 мисли секојдневно. Повеќето од нив се мисли кои секојдневно се повторуваат, односно 95 %од нив сме ги имале претходниот ден. Тоа значи дека целиот ментален процес во еден ден е непродуктивен и без одредена цел. Само 5% од мислите можеме да ги користиме, и тие имаат некоја смисла и новост во нашите животи. Затоа, психолозите советуваат секојдневно ажурирање на животот со нови идеи, активности и луѓе со кои имаме блискост и секојдневен контакт. Живеењето ден за ден секогаш во ист колосек не носи ништо ново, а знаеме дека секој ден што поминува никогаш нема да се врати.