Секс идеи за секој ден од неделата

4 ноември, 20110
seksi

Многу често сексот не е на нашата листа на приоритетни работи на која веќе се наоѓа кариерата, грижата за децата, домашните обврски, па дури и читањето на книга. Еве неколку совети за секој ден од неделата кои ќе ви помогнат да го „промените распоредот“.

Понеделник – антистрес секс
Првиот ден од неделата секогаш е многу заморен и напнат. Викендот заврши и ви претстои уште една исцрпувачка недела. Победете ја нервозата со мала стрес релаксација – секс еден час по вечерата.

Вторник – „брзински“ секс
Кога ќе пристигнете дома од работа фрлете му се во прегратка на партнерот и препуштете се на еден брз и страствен секс пред вечерата. Кујната е одлично место за оваа кратка, но слатка епизода.

Среда – акција на каучот
Вратете се во средношколските денови. Легнат на каучот и гледајте некој добар филм.  На крајот на филмот полека почнете да превземате акција. Во предиграта вклучете ги сите ерогени зони на партнерот, па подгответе се за жежок секс.

Четврток – мрзлив секс
Работната недела е при крај, а вие веќе немате енергија. Ви предложуваме да ја испробате страничната поза. Во оваа поза и двајцата лежат на страна, мажот е легнат зад грбот на жената и полека пенетрира. Оваа поза не бара многу движење и е совршена кога немате енергија.

Петок – агресивен секс
Што е најдобар начин за исфрлање на нервозата која ја имате заради проблемите на работа? Сексот, се разбира. Кога ќе дојде вашиот партнер од работа фрлете му се и започнете „борба“ и покажете му дека чекате агресивен секс.

Сабота – секс во Туш
Сабота е ден за уживање. Затоа, опуштете се во када со вашиот партнер или пак туширајте се заедно. Започнете да го милувате и уживајте во „влажниот“ секс.

Недела – утрински секс
Поминете половина ден во кревет но не го посветувајте само на гледање телевизија. Уживајте во прегратките на партнерот и посветете се на една партија „удобен“ секс. Или на две, три партии – денот е пред вас!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi