Викале брза помош, бидејќи се заглавиле во количка од супермаркет! :)

4 ноември, 20110
dg

Две тинејџерки од Шведска кои се заглавиле во количка од супермаркет морале да повикаат брза помош за да им помогнат да се извлечат.

Девојките ја нашле количката на еден напуштен терен во градот Ед и одлучиле заедно да се качат во неа и да се повозат.

Портпаролот на брзата помош изјавил дека девојките скоро цел саат седеле збиени една до друга во количката без да се можат да се мрднат.

„Претпоставувам дека беа многу засрамени. Беше смешна ситуација“, изјавил тој и додал дека лесно ги извлекле девојките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *