Секс, кафе и дување нос опасни по живот?

7 мај, 20110
Hispanic woman drinking coffee at outdoor cafe

Кафето, сексот, напорното вежбање и дувањето на носот го зголемуваат ризикот од мозочен удар, велат истражувачите од Холандија кои се фокусирале на проучување на причините за хеморагичен мозочен удар, односно на “излив на мозокот“.

Проучувајќи 250 пациенти испитаници, тие утврдиле дека осум фактори се поврзани со крварењето на мозокот. Сите тие го зголемуваат крвниот притисок, а тоа може да доведе до оштетување на крвните садови, било објавено во списанието Stroke.

Научниците утврдиле дека во 10 случаи за церебрална аневризма одговорен е кофеинот.

Главни фактори на ризик :

Кафе 10,6%
Претерано вежбање 7,9%
Дување на носот 5,4%
Секс 4,3%
Пиење кока кола 3,5%
Ненадејна препрлашеност 2,7%
Бесот и нервозата  1,3%

Д-р Monique Vlak, невролог и лидер на истражувањето, изјавил дека сите овие фактори може да предизвикаат пораст на крвниот притисок, кој е честа причина за прскање на аневризма. Докторката додала дека еден од 50 луѓе има аневризма на мозокот, но само мал број од нив прска. Истражувањето било фокусирано само на оние кои имале изливи. Меѓутоа висок крвен притисок и слабите крвни садови, може да предизвикаат и прекумерната дебелина, пушењето и недостаток на физичка активност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit