Секс во бања. Ако до сега не сте практикувале секс во бањата сега е вистинско време да го доживеете и ова искуство. Освен под туш, секс може да имате и во када. Наполнете ја кадата и седнете на својот партнер, така што ќе бидете свртени со грбот кон него.
Секс на работната маса. Работните површини во кујната може да ги искористите и за нешто друго. Но, како место кое е погодно за секс може да ја користите и секоја друга површина која е на висина на вашата половина. За да ви биде пријатно изберете поза во која партнерката ќе седи со раширени нозе, а партнерот ќе стои.
Секс на работ од столот. Мажот треба да седне на работ од фотељата и со стапалата да го допре подот. Партнерката со рацете треба да го фати околу неговиот врат и со нозете да го префати околу неговата половина. Ускладете ги брзините и уживајте во блискиот контакт очи во очи.
Необична мисионерска поза. Јасно е дека оваа поза е една од најпрактикуваните и најпоскаувните од страна на жените. За разлика од порано, овој пат жената нека легне, а под задникот нека стави перница така што ќе ги поткрене колковите. Нозете да ги стави на неговите рамена, како би можел мажот подлабоко да пенетрира. И во оваа поза ќе имате близок контакт.