Секс скандали ја потресуваат турската опозиција

21 мај, 20110
1300843266TurkishFlag
Шест истакнати турски опозициони политичари поднеле оставка заради вмешаност во секс скандали, чии последици може да се почувствуваат на изборите на 12 јуни, пишува “Танјуг“, пренесува НетПрес.
Турските медиуми информирале дека на компромитирачки видео снимки поставени на Интернет може да се видат пратениците на Партијата за национална акција.
Четворица членови на таа конзервативна националистичка партија поднеле оставка на почетокот на месецот заради слични снимки, од кои некои прикажуваат сцени на сексуален однос, снимени во куќи , во кои наводно некои од членовите на таа партија ги користеле за вонбрачни состаноци.
“Поднесувам оставка за да ја поштедам партијата од штетите кои овие обвиненија би можеле да ги предизвикаат“, изјавил пратеникот Дениз Болукбас и додал дека е жртва на политички мотивирана завера.
Видео снимката на објавила таинствена група која себе се нарекува “Различни националисти“.
Партијата на националистичката акција ги обвинила приврзаниците на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган кои се трудат да го намалат кредибилитетот, што партијата на Ердоган го отфрли.
Резултати од анкетата покажува дека националистичката партија ужива поддршка од околу десет отсто од гласачите, што е долен праг за влез на партија во парламентот. Доколку на изборите не се добијат доволно гласови, тие ќе бидат поделени меѓу партиите кои се застапени во парламентот, со што партијата на турскиот премиер, за која се верува дека по трет пат ќе победи на изборите, би можела да обезбеди повеќе пратеници.
Турските власти најавиле дека ќе биде блокиран пристапот до спорните видеа.

Дениз Бајкал, долгогодишен лидер на главната турска опозициона секуларна партија, се повлекол минатата година од местото шеф на партијата бидејќи тајно бил снимен на љубовен состанок. Бајкал тврдел дека е жртва на политичка завера зад која стои владата. Обвинителството покренало истрага, но се’уште не се знае кој стои зад таа снимка.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *