Секси корсетот на Мадона продаден за 72.000 долари!

Иако бил проценет на околу 6.000 долари, корсетот на Мадона бил продаден во Кина за цели 72000 долари!
Црниот корсет со златни монистри бил креиран од Жан Пол Готие, а Мадона го носела пред 24 години, на турнеата “Who’s that girl?” .
Од останатите предмети кои добија нови сопственици се и кнгиата “секс” со автограм од пејачката за која некој дал 3.200 долари, нејзините фотографии кои достигнуваа од 200 до 400 долари од фотографија, како и снимка на која Мадона пее “Simon Says” ,која е продадена за нешто повеќе од 1.200 долари.
Инаку ова не е прв пат некое парче облека на Мадона да достигне толку висока цена од проценетата. Во 2001 година брусхалтер на Мадона од турнеата “The Girlie Tour” бил продаден за 23.850 долари, а бил проценет на 7.000 долари.