Жените денес се почесто се ставаат на разни естетски операции како би изгледале што помлади. Меѓутоа дали знаевте дека вас и сексот може да ве подмлади? Секскот нашто тело го прави помладо, а поголем дел од нас за тоа не е ни свесен. Со редовни сексуални односи можете да избришете неколку години од вашето лице.
Самите влијаеме на интензитетот на лачење на хормонот на стрес и антистрес кој се наоѓа во нашето тело. Сексот го поттикнува лачењето на антистрес хормонот и поттикнува на опуштање на мускулите. Ендрофинот и хормонот на раст почнуваат да струјат низ вашето тело после оргазмот и ги зацелуваат оштетувањата од сонцето и пушењето, а кожата е поздрава и помалку склона на бори.
Последиците од секс оставаат сјај на вашето лице, а вашето тело за време на секс се поти и ги испушта киселините кои ја влажат и хранат вашата кожа и ја прават мека.
Само бакнувањето ја зголемува работата на срцето и циркулацијата, а крвта подобро патува до органите и кожата. Замислете тогаш што прави сексот, па дури и оној без оргазам. Со секс можете да изгубите калории како да се наоѓате во теретана и вежбате. Освен тоа што сексот поттикнува добро расположение, вашата линија ќе биде совршена без напорни вежби.
Ако сте сами и немате особа со која можете да имате секс за да се подмладите, не треба да се грижите. Можете и самите да се забавувате и да го предизвикате лачењето на сите погоре наведени хормони.