Селекторот на нашата фудбалска репрезентација Мирсад Јонуз по претпладневниот тренинг го соопшти списокот на играчи со кој ќе го започне вечерашниот натпревар со Република Ирска на „Националната арена Филип Втори“. На голот на нашата репрезентација ќе биде Мартин Богатинов, во одбраната на бековската позиција се Шиков и Попов, а како централни дефанзивци Новески и Грнчаров. Во средината на теренот ќе дејствуваат Демири, Шумуликоски и Деспотовски, додека најмногу очекуваме од нападот каде ќе биде тројката Илчо Наумоски, Горан Пандев и Иван Тричковски. Има неколку измени во однос на составот кој настапи во Даблин. На голот нема да биде Нурединовски, додека местата ќе си ги сменат неколку играчи. Во секој случај доста офанзивна формација , 4-3-3 со многу повеќе офанзивни задачи за нашите бекови. Мечот меѓу Македонија и Република Ирска се игра вечерва од 21.30 часот.