Англискиот фудбалер Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија очекуваат четврто дете. Веста на ја објави славниот фудбалер на својот фејсбук. “Викторија и јас очекуваме четврто дете ова лето. Синовите се многу возбудени заради приновата, нов брат или сестра“, напишал Бекам, пренесува АП. 36 – годишната Викторија и Бекам (35) веќе имаат три деца, синовите Бруклин стар 11 години, Ромео (8) и петгодишниот Круз. Во брак се од 1999 година.
Извор: Нетпрес