Семејството на Тоше апелира да се врати неговото палто

18 април, 20110
tose

Омилениот автомобил- “Фолксваген буба”, моторот што тој го возеше, музичкото студио, колекцијата на икони, гардеробата што ја носеше на концертите, костуми, чевли и спортска опрема, ќе биде само дел од изложбата во спомен-куќата на Тоше Проески. Меѓу неговите лични предмети е и палтото кое Тоше го носеше на Евровизија во 2004 година.

Ова палто беше дадено на аукција која ја организираше Македонска телевизија, и беше продадено на еден бизнисмен за 820 евра. Сега семејството на Тоше апелира бизнисменот да го врати палтото за да биде изложено во неговата спомен-куќа.  Инаку спомен-кужата на Тоше ќе биде отворена на 25 април.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi