Семирамидини висечки градини

12 јули, 20110
Hanging_Gardens_of_Babylon

“Набуходоносор II нареди, во близина на неговата палата, со камења да се изгради градина и во неа да се засадат разновидни дрвја. За да ја исполни желбата на неговата сопруга со потекло од Медија, изгради градина која беше вообичаена за нејзиниот роден крај“. Вака, еврејскиот писател Flavijo Josip (37-100 година), ги опишал градините. Нема сомневање – тоа се величествените “Семирамидини висечки градини“. Писатели од стариот век, Семирамида, ја опишувале како жена со боженствени моќи – но, таа не била сопруга на Набуходоносор II.

Нема никакви сомневање дека овие градини не постоеле. Кога германскиот археолог Robert Koldvej во 1899 година, започна со ископување во Вавилон, во севроисточниот дел на јужната кула, пронајде едно здание со сводови и со длабоки бунари, а врз основа на пишувањата од античко време, ова точно се поклопува со пронајдените остатоци. Но, уверувањата на Koldevej, дека ги откри темелите на градините, никој не го сфати сериозно.

Сепак, не стануваше збор за “висечки градини“, овој назив се заснова на грешка во преводот, бидејќи латинскиот збор “pensilis“, го означува овој термин, но исто така може да значи и “балкон“. Во градините во Ваволон растеа разновидните дрвја на некој вид степско здание, тоа било некаков вид на градини изградени на покрив, но имало можност и вештачки да се наводнуваат. Се разбира дека цветната оаза во пустинска клима во Вавилон, привлекла доста внимание.

Поради тоа, разбирливо е дека градината влегла во списокот на светски чуда. Кога Александар Македонски, дошол во Вавилон, легендарната кула веќе била срушена. Меѓутоа, првиот список на светски чуда, настанал дваесетина години подоцна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi