Американската маратонска пливачка Дијана Најед(61), не успеала да го собори својот рекорд и да плива од Хавана до Флорида за 60 часа, известува АП. Елејн Лафети која била на бродот кој ја придружувал Најед, на својата Твитер страна напишала: “Комбинацијата на неколку фактори беа пресудни, беше премногу опасно за да се продолжи..”
Дијана Најед била извлечена од морето во вторникот наутро, откако пливала цели 29 часа. Целта била да преплива 166 км за 60 часа без заштитен кафез. Таа наводно самата одлучила да се откаже поради јачината на ветрот, и не баш поволните струи во морето.
Најед во понеделникот тргнала од Хавана кон Куба, и за три дена требала да доплива до Ки Вест, Флорида.