Хит серијата „Очајни домаќинки“ веројатно ќе заврши порано од очекуваното. Оваа сезона на познатата серија 2011-2012 ќе биде и последна сезона од серијата на која и дојде крај.
ABC ја објавило веста, а целата екипа меѓу кои познатите актерки Тери Хатчер, Ева Лонгорија и другите биле во шок и тага. Првично Марк Чери, изјави дека серијата ќе има девет сезони, а дека ќе заврши во 2013 година. Серијата се уште држи добри рејтинзи, а се чини дека фановите не се спремни да им кажат збогум на омилените домаќинки.
Но, сите се прашаа дали сето ова има врска со правните проблеми на Марк Чери? Или пак ова е поради тоа што тој се повлече од функцијата извршен продуцент на серијата во последната година?