Во списанието Nature, научниците објавиле студија тврдејќи дека Земјата некогаш имала уште еден помал месец. Во студијата се наведува дека двата сателити кружеле околу Земјата повеќе од четири милијарди години.
Но каде е вториот месец? Со текот на времето, одалечувајќи се од Земјата се нашле под големо влијание на гравитационата сила на сонцето, и стабилноста на орбитите на два сателити била загрозена. Тие со текот на времето добиле иста траекторија на движење и се судриле, изјавил Ерик Аспхауг, научник од Универзитетот Санта Круз во Калифорнија.
Сето ова се случило на 128.000 км од Земјата, што е денес околу една третина од растојанието помеѓу Земјата и Месечината.
Овој судир и спојување на двата сателити ја објаснува видната разлика на страните на месецот, каде на една страна преовладува карпест, планински дел, а на другата страна која е видлива од Земјата, преовладува повеќе мазна површина, заклучиле научниците.
Научниците својата теорија ја темелат на модел “големиот судир” каде Земјата и уште неколку планети со големинана Марс се судриле, а од остатоците настанала Месечината. Новата студија покажува дека во текот на овој процес се создала и помала месечина, која подоцна ќе се судри со поголема.