Сепак Санадер ќе “одлепува” конци? Го носат кришум на лекар

10 август, 20110
sanader

Комбе на судска полиција и теренец со затемнети прозорци во вторникот навечер од затворот во Загреб, Реметинец се упатиле кон приватна клиника Медикол. Во комбето седеле два полициски службеника, а позади нив Иво Санадер. Санадер видно ослабнат влегол во клиниката каде бил придружуван од специјални полициски сили, кои исто така биле распоредени и надвор од клиниката.

На сликите се гледа дека Санадер изгледа видно загрижен. Но се уште не е познато дали ова тајно ноќно возење до клиниката е поради влошена здравствена состојба на Санадер или се работи за преглед на ногата која ја повредил додека бил во затворот во Австрија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi