Сериозни санкции за нелегалните азиланти

popara13 мај, 20111min00
Lazni-azilanti-110511

На денешниот состанок на Комитетот за следење на визната либерализација потврден е Акцискиот план за активностите во репресивниот дел што подразбира засилени и подетални контроли при излезот од земјава, но и соодветни контроли на организаторите на туристичките патувања каде има индиции за постоење одредени злоупотреби или можност за манипулација со граѓаните и нивно доведување во заблуда во врска со визната либерализација.
Засилена кампања за едукација и засилени контроли при излезот од државата и воведување на новно кривично дело за организаторите на нелегална миграција,  најавија министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски.
Јанкулоска и Наумовски, исто така, најавија и индивидуални санкции за неуспешните баратели на азил, а неофицијално е можно одземање на пасошите на истите.
“Досега ниту некој добил, ниту ќе добие азил во државите членки во ЕУ, а сите баратели на азил ќе бидат жртви на манипулација од некои туристички или квазитуристички агенции“, изјави вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски.
Тој истакна дека Министерството за правда треба да направи подготовки за измена на Кривичниот законик во насока на предвидување евентуално ново кривично дело поврзано со организирање нелегална миграција.
Наумовски изјави дека не би можело да дојде до губење на визната либерализација затоа што како држава се она што го имаме направено е направено со многу напори преку исполнување на конкретни критериуми.
Република Македонија ќе ги употреби сите механизми, средства и ресурси кои стојат на располагање, нагласија по состанокот вицепремиерот задолжен за европски прашања Васко Наумовски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, за санкционирање на ваквите појави индивидуалци, но и на правни лица кои на кој било начин ја доведуваат во прашање визната либерализација.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag