Серум од кафе

13 август, 20110
serum kafe copy

Една мала шолја кафе наутро за повеќето луѓе е поважна од студен туш или било кој друг ритуал за будење. Љубителите на кафе ќе ги развесели информацијата дека токму тоа е чудотворната состојка во некои козметички производи.

Еве за што станува збор. Некои козметички производи за очи кои се базираат врз серум од кофеин и се ставаат на лицето преку ролон стик, се совршен и магичен производ кој во рок од една минута ги одстранува темните кругови и ги намалува кесите под  очите.

Еден таков производ неодамна исфрлен на пазарот во Велика Британија стана вистински хит  и има листа на чекање со повеќе од 6.000 луѓе.

Овој магичен производ во своето шоу го спомна и Тајра Бенкс, со што предизвика инвазија на веб-сајтот на производот First Aid Beauty Detox Eye Roller и сите ролери се продале во рок од 3 часа.

Формулата на овој фасцинантен серум содржи кофеин кој делува на циркулацијата во капиларите околу очите. Заради тоа кожата на тој дел изгледа многу посвежа и посјајна.

Но иако не може целосно да ги одстранат брчките, овие препарати може накратко да ве разубават и дадат сјај на лицето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *