Сестрата на Стив Џобс: Смртта на Стив не му се случи, тој стигна до неа!

31 октомври, 20110
kdfs

Говорот на Мона Симпсон, сестрата на Стив Џобс, бил прочитан на комеморацијата  на Стив Џобс на 16 октомври, а претставувал еден вид на опростување од братот кој писателката го запознала подоцна во животот.

„Сакам дави кажам неколку работи кои ги научив од Стив за време на три различни периоди, во текот на 27 години колку што го познавав. Тоа не се периоди во текот со годините, туку периоди на неговата состојба на постоење. Неговиот живот. Неговата болест. Неговото умирање“, кажала Мона Симпсон.

Таа го запознаа својот брат кога веќе биле возрасни. Родителите го дале Стив на посвојување, Мона се родила подоцна, а родителите на крај се развеле.

Еден ден, кажала Симпсон во својот говор, додека живееле во Њујорк и работела на својот прв роман, адвокатот и испратил повик велејќи и дека нејзиниот одамна изгубен брат е погат и познат и сака да и се јави. Со оглед на тоа што бевме сиромашни, го замислив како Омар Шариф, изјавила Мона.

Адвокатот одбивал да и го каже името на братот, а нејзините пријтели се обложувале кој би можел да биде тој, се надевале на Џон Траволта, додека таа посакувала да е некој писател, некој поталентиран од неа, додала Симпсон. Мажот со кого се нашла, односно нејзиниот брат, бил Стив Џобс.

„Дури и како феминистка, цел живот го чекав мажот кој ќе ме сака и ќе го сакам. Со децении мислев дека тој човек беше татко ми. Но кога имав 25 години, кога го запознав него, тоа беше мојот брат“, кажала Мона во својот говор.

„Кога го запознав Стив, тој беше возрасен човек, во фармерки, со арапско еврејски изглед и многу поубав од Омар Шариф“, кажала таа.  Кога прв пат се сретнале, таа му кажала на својот брат дека размислува да купи  компјутер, но дека одлучила да почека уште малку. Тој и рекол дека добро одлучила, бидејќи тој ќе направел нешто лудо и интересно.

Таа кажала како тој бил сентиминтален, многу време поминувал зборувајќи за љубовта. Тој верувал дека љубовта се случува секогаш и насекаде.

Кога болеста, ракот на панкреас почнала да се шири, тој ја повикал својата сестра и и рекол брзо да дојде кај него во Калифорнија. Неговиот тон, кажала Симпсон, беше како на човек чиј багаж беше веќе во возилото и чекаше да тргне на пат, иако му беше вистински и најдлабоко тажно што не остава“, напишала сестрата на Џобс во својот говор.

Дури и во последните часови додека се бореше и физички и психички со болеста, раскажала неговата сестра, и понатаму постоела неговата способност да верува во идеали.

„И на ова работеше тој. Смртта не му се случи на Стив, тој дојде до неа. Со семејството кое го опкружувало, неговите последни зборови беа: „Oh, wow““, напиашала Симпсон.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş