Кејт Винслет си фати нов дечко – а тој за среќа е роднина на еден од најбогатите луѓе на светот!
Ѕвездата на “Титаник” била забележана како разменува нежности на аеродромот Хитроу со новото момче Нед Рокенро (Нед Авел Смит), внук на газдата на Virgin, сер Ричард Бренсон.
Двојката само што пристигнала од Лас Крусес, Ново Мексико – каде што присуствувала на отварањето на новата писта Virgin Galactic’s Spaceport America.
Кејт и Нед наводно се запознале кога Винслет престојувала на имотот на Бренсон во Necker Island во август годинава.
Додак Кејт престојувала на имотот на Бренсон била во врска со моделот Луис Бовлер, но по се изгледа врската не функционирала многу добро.