Шарм ел Шеик се наоѓа во источниот дел на Египет, на крајниот југ Синајскиот Полуостров. Стациониран е на брегот на Црвеното Море и припаѓа на јужниот дел на губернијата на јужен Синај. Шарм ел Шеик е познато одморалиште популарно кај нуркачите. Престојот во Египет е сосема безбеден за сите туристи, кои оваа година ќе одлучат де го поминат својот одмор таму во што се уверија група новинари кои преку агенција „United Travel Internacional“ го посетија ова славно одморалиште.
Во споредба со минатата година бројот на туристите е намален, но од октомври оваа година се очекува поголем бран на туристи, а за да се врати довербата на туристите, во градот се зголемени безбедносните мерки за туристите да се чувствуваат безбедно и мирно. Со цел да се привлечат повеќе туристи оваа година се воведени поволни чартер-летови во соработка со компанијата „Мемфис“, а цените во луксузните хотели со пет ѕвездички се многу поволни.
Шарм ел Шеик важи за најпознато летувалиште во Египет. Оддалечено е само 480 километри од Каиро, во јужниот дел на Синајскиот Полуостров, во азискиот дел на Египет. Брегот на Шарм Ел Шеик долг е 50 километри, а соединет е од петнаесет корални заливи од кои кај нас најпознат е Заливот на ајкулите и Набква, опкружени со бедуински населби, планини и пустина.
Покрај Карибите, Шарм ел Шеик е една од најпознатите дестинации за нуркање во светот, со подводниот свет кој има околу 1000 видови на риби и 250 видови на корали. Во Црвеното Море се ноѓаат малите риби, како на пример „нема“ и „наполеона“ па се до големите риби.
Корисни информации
– за да се спречи можноста да добиете стомачни проблеми, купете го лекот „antinal“ кој се продава во секоја аптека. Превентивно треба да бидат земени два пати на ден. Цената на лекот е околу 40 денари.
– конзумирајте само флаширана вода; шише од 1,5 литри е околу 20 денари
– египетска фунта, 1 евро = 8,5 египетски фунти
– на пат не тргнувајте без патно осигурување, бидејќи лечењето во болниците е скапо за туристите
Речисина секој чекор во овој живописен град се наоѓа „нуркачки центар“, каде можете да уплатите за нуркање за цена од 50 евра колку што кошта половина час нуркање со полна опрема и инструктор кој е постојано до вас. За оние кои не се подготвени да го истражуваат морското дно, тие може да изнајмат маска и се обидуват со „snorkeling“ – нуркање во плитките води.
Најважното правило е дека кога нуркате не е дозволено ништо да допирате, бидејќи постојат одредени видови на риби кои, ако ги вознемирите ве нападнат. Исто така во водата постојат и „огнени корали“ кои доколку се допрат можат да предизвикаат опасни изгореници на кожата. Коралното не смеат да се кинат, ниту да се земаат бидејќи иако се мртви, казната за таквото дело е 5.000 американски долари.
Шарм ел Шеик е познат по својот одличен ноќен живот кој трае до четири часот наутро. Во центарот има клубови како што се „Паша“, „Буда бар“, „Малиот Буда“, а на самата улица има многу продавници и ресторани на улица и аниматори кои се тука да привлечат гости.
Египќаните се најмногу посветени на туризмот, од кој се собира 30% за националниот приход, па околу секој секој хотел има многу продавници за сувенири, кафулиња, ресторани и бутици. Продавниците се отворени дури од 11 часот попладне, а шопинг треската трае до два часот по полноќ. Уличните продавачи може да се купи копии на ташн и часовници на најпознатите дизајнери во светот, слики на папирус, накит изработен од корали, тиркиз, небрусени бисери и фустани и шалови изработени од природни материјали.
Египќаните се многу пријателски расположени, понекогаш дури и здодевни, а важат за одлични и итри трговци, така што кога преговарате за цената треба да бидете мудри и уште во почетокот да понудите цена барем пет пати пониска од онаа која се нуди од страна на трговецот. Египќаните кои работат како трговци, келнери или во хотел за еден месец во просек заработуваат околу 60 евра, но затоа нон-стоп ги запоседнуваат туристиите и се очекуваат бакшиш за се што ќе направат.
Со оглед дека Египет е дестинација која нуди најпријатен одмор во есента и зимата, потребно е навреме да се испланира престојот надвор од летната сезона, земајќи во предвид дека меѓу Европјаните е најпопуларна дестинација во септември, октомври, декември и февруари, па и капацитетите се повеќе исполнети. Покрај тоа, во понудата на локалните агенции, за овие неколку месеци цените се многу поповолни и треба да се искористат и добрите попусти и порано да се резервира