Шест лица се повредени во судир што се случил утрово околу 11.30 часот на улицата “Првомајска“ меѓу автобус на Јавното сообраќајно претпријатие и камион со скопски таблички.
Според информациите од МВР, еден од повредените е возачот на автобусот 45 – годишниот З.Д и уште пет патници меѓу кои и едно десетгодишно дете.
Повредените биле веднаш пренесени во Градската болница каде им биле утврдени полесни телесни повреди а на една девојка скршеница на коленото.
МВР информира дека причината за сообраќајката било тоа што камионот од спротивен правец влегол во лентата на автобусот.
Извор: Нетпрес