Шкотите повеќе сакаат да танцуваат, отколку да гледаат фудбал

6 август, 20110
shkoti

Поголемиот дел од луѓето во Шкотска учествуваат во игри, повеќе отколку во фудбал,стои во извештајот на Федерацијата на Шкотскиот театар (ФШТ).

Во извештајот исто така се споменува дека речиси еден милион луѓе учествуваа во танц активности во изминатите 12 месеци.

ФШТ, што претставува танц и театарска група во Шкотска, вели дека во извештајот преовладуваше танцот, поради високите трошоци и потребни инвестиции во фудбалот. Во Шкотска танцот е втората најпопуларна културна активност.

Извештај ФШТ покажува дека повеќе од 5 проценти од шкотското населението е вклучено во танците во 2008 и 2009 година. Дури 19 проценти повеќе возрасни учествуваа во танц активности, отколку во фудбалот.

ФШТ ги покани сите локални органи во регионот да учествуваат во развојот на танцот и танчерите за да им помогнат на заедниците и тие да бидат обезбедени со високо квалитетни услови за сите возрасти.

”Шкотска е земја на танчери, но мора да постои нешто повеќе за да привлече повеќе луѓе да танцуваат со цел да се промовира социјалниот и културниот живот на Шкотите, вели директорот на ФШТ, Џон Морган.

”Нам ни се потребни повеќе инвестициски идеи, ресурси и партнери, и овој извештај покажува дека полека работите се движат во вистинската насока”, додаде тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *