Шокантни фотографии на цигарите во Австралија

popara9 април, 20111min00
2008-04-smoking-cigarette
Австралија одлучи дефинитивно да ги одвикне пушачите во земјата од оваа лоша навика. Министерката за здравје, Никол Роксон го претставила нацрт-законот со кој што се предвидува на кутиите цигари да се објават само фотографии со можните последици од пушењето, уста со пликови и рани, расипани заби, болни и бледи луѓе.

Доколку биде усвоен, законот треба да стапи на сила во 2012 година. Маркетинг стратегијата од идната година ќе биде под слоганот “Смрт наместо гламур“. Тоа значи дека на кутиите цигари нема да смее да се печати марката на цигарите, логото на произведувачите, бои и рекламни текстови, туку само шокантни  фотографии со можните последици од пушењето. Според зборовите на австралискиот премиер, во Австралија од пушење годишно умираат 15,000 луѓе, а отсуството од работа и здравствените трошоци ја чинат државата 22 милијарди евра.

 

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag