Скарлет Јохансон и Шон Пен неодамна ја прекинаа врската, а актерот не тагуваше долго, веднаш се фрли на една нови љубовни предизвици. По сексипилната русокоса, Шон најде утеха во таинствена бринета. Со неа во последно време е виден во романтични прошетки во Лос Анџелес. Ова е дефинитивен доказ дека Пен и Јохансон веќе не се заедно.
На нивната врска многу за противеле неговите деца, велејќи дека Скарлет е премногу млада за 50-годишниот Шон. Но и неговата нова девојка не е многу постара од Скарлет, така што неговите деца ќе мораат да го прифатат фактот дека за Пен младите девојки се послатки. Откога прекина, Скарлет многу често може да ја видиме во друштво на Џастин Тимберлејк.