Сите знаеме колку шопингот влијае на психичкото здравје, посебно кај жената, но сега истражувачите откриле дека купувањето всушност може да го продолжи животниот век. Мажите и жените кои купуваат секојдневно, живеат подолго од некои што купувале поретко, откри една студија од луѓе на возраст од над 65 години во Тајван. Истражувачите шпекулираат дека шопингот најверојатно помага во вежбањето, подобрување на социјалните интеракции како и исхраната, а сето ова придонесува за подолг живот, јавува BBC. “Шопингот најчесто е задоволство со потенцијал за подобрување на психолошката благосостојба“, заклучиле истражувачите во весникот (Journal of Epidemiology and Community Health).