„Ciao bellas!“
Ферги им се придружи на Парис и Ники Хилтон на нивната прошетка низ Рим, која воедно како и секогаш, за нив претставува што друго ако не шопинг терапија. Од продавница на продавница, трите убавици си одбраа доста солидни и солени парчиња.
Причината зошто тие се наоѓаат во Рим е свадбата на Петра Еклстон која се одржа вчера. За да утепаат малку време тие се решиле да ѕирнат што има ново во продавницата на „Dolce & Gabbana“ во италијанската метропола.
Нивото шопинг лудување најверојатно поминало доста успешно од причина што Парис на Твитер напиша:
„Само што се вратив од шопинг со Ники и Ферги. Бевме во „Dolce & Gabbana“ и си изнакупив прекрасни парчиња облека. Ја сакам Италија!“
Се прашувате дали купувале за себе или за невестата? Е тоа допрва ќе видиме.