Што ќе прави Њујорк без Статуата на слободата?

14 август, 20110
statuanaslobodata

Симболот на Њуjорк, Статуата на слободата ќе биде затворена за посетители цела година поради реновирање. За реновирање на 93 метри бакарната статуа ќе бидат издвоени 27,5 милиони долари изјави Кен Салазар американскиот секретар за внатрешни работи.
Статуата е подарок за САД од страна на Франција во 1886 година. Повеќе од 3,5 милиони посетители кои годишно го посетуваат Либерти Ајленд не се качуваат внатре во статуата. Посети внатре во статуата се забранети веднаш после терористичките напади на 9/11.
Официјалните лица сега изјавија дека статуата е затворена поради староста на објектите внатре во неа, со што се загрозува безбедноста на посетителите.
“Пред две години, кога се отвори круната на Лејди Либерти за посетителите, за прв пат  после нападите од 11-септември, ветив дека ќе продолжат да се надополнуваат  работите на внатрешноста за да се направи побезбедна и достапна за сите”, рече г-дин Салазар.
Статуата ќе биде затворена за јавноста на 29 Октомври, еден ден после прославата на 125 годишнината од нејзиното предавање од страна на Франција.
“Тоа е разочарувачки”, изјави Винс Свифт, претседател на клубот на Статуата на слободата, за Њујорк тајмс. “Но, сепак мило ми е што тоа е само една година.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi