Што стои во тестаментот на Гадафи?!

25 октомври, 20110
107500

Објавена последната желба на убиениот либиски лидер! Погребајте ме во родниот Сирт покрај моето семејство.

Гадафи предчувствувал дека ќе го убијат!

Либискиот лидер Моамер Гадафи напишал тестамент неколку дена пред да биде убиен и во него навел дека сака да биде закопан во Сир, во облеката во која загинал, покрај неговото семејство. Еден веб сајт кој наводно припаѓа на поддржувачите на Гадафи, го објавиле овој документ, кој наводно бил напишан од лидерот Гадафи на 17 октомври, а бил испратен и до тројца роднини на Гадафи.

„Ова е мој тестамент. Јас, Моамер Гадафи, се колнам дека не постои друг Бог освен Алах, а Мухамед е Алахов пророк. Сакам да умрам како муслиман“, вака започнува тестаментот на убиениот либиски диктатор.

„Доколку бидам убиен, сакам да сум погребан по сите муслимански обичаи во облеката во која ќе умрам и телото на да не ми биде бањато. Сакам да ме погребаат во Сирт, покрај моето семејство и роднини“.

Гадафи побарал по неговата смрт, да се постапува добро кон членовите на неговото семјство, а од неговите поддржувачи да ја продолжат борбата.

„Народот на Либија, мора да го заштити својот идентитет, достигнувања, историја и угледот на своите предци и херои. Либискиот народ не смее да ги заборави жртвите кои паднаа за да го ослободат. Ги повикувам сите приврзаници да ја продолжат борбата против  НАТО и предавниците од Времениот Национален совет на Либија. Борете се против секој странски непријател“, навел Гадафи.

Инаку, семејството на Гадафи побарал од либиските власти да им го предадат телото, но тие одбиле. Последната вест е дека најверојатно тој ќе биде закопан во пустина заедно со неговиот син кој беше убиен истиот ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi