Доминик Штрос-Кан ќе биде ослободен од притвор со кауција од 1 милион долари, но и ноќва ќе ја мине во затвор, бидејќи документите ќе му бидат потпишани утре, објавија светските новински агенции, пренесува Нетпрес.
Бившиот шеф на ММФ, против кого денеска и официјално беа покренати обвиненија ќе биде под 24-часовен надзор во домашен притвор, а неговото движење ќе биде следено електронски. Ова било предложено од неговите адвокати. Одлуката ја донел судијата од њујоршкиот Врховен суд Мајкл Објус.
Штрос-Кан треба да има и еден вооружен чувар, во секој момент, кој тој ќе го плаќа, и да достави осигурителни облигации во вредност од 5 милиони долари. Претходно денеска, му било поднесено обвинение за обид за силување на собарката од хотелот во Менхетн, која го обвини за секасуална агресија.
Извор: Нетпрес