Швајцарија ги затвара вратите за косовските албанци??!

28 август, 20110
97-05-19_Swiss_Flag

Во средината на август еден 59-годишен косовски Албанец жител на Цирих со пиштол убил жена и раководител на социјална служба. Токму истиот ден, двајца косовски Албанци на возраст од 31 и 33 години му го пресекле гркланот на локален политичар на SVP од Берн. Политичарот успеал да го преживее овој напад, пишуваат швајцарските медиуми.
По повод тој настан партијата SVP започнала медиумска кампања, насловена како “Косоварите им ги сечат гркланите на Швајцарците” Во новата кампања SVP сака да привлече внимание за злосторствата кои ги прават косовските емигранти.

Во Швајцарија, според официјалните податоци, живеат околу 170.000 имигранти од Косово.

Во врска со кампањата реагирала и Епископската конференција на Швајцарија, која остро протестирала. Тие изјавиле дека оваа кампања претставува кршење на културата во Швајцарија.

Црквата апелирала до сите медиуми да не даваат простор на вакви огласи кои се против човечноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi