Шварценегер претседател на ЕУ?

popara20 април, 20111min00
Arnold Shvarceneger

Арнолд Шварценегер кој успеа во Холивуд како актер, потоа како гувернер на Калифорнија, би можел да се заинтересира за нова работа, а тоа е претседател на Европската унија, обајвиле американските медиуми. Бидејќи тој неможе да биде гувернер на Калифорнија, бидејќи ги исполни двата мандата, а за претседател на САД неможе да се кандидира затоа што не е роден во во САД, туку во Австрија, така тој заклучил дека ако ја продолжи кариерата како политичар ќе мора да се врати на стариот континет. “Во наредните неколку години ЕУ ќе бара многу посилен претседател, некој кој може да ја обедини Европа“, изјавил шефот на неговиот кабинет Тери Таминен за магазинот “Newsweek“.

“Французите нема да сакаат германец, германците пак нема да сакаат италијан на оваа функција. Но, како би било со личност родена во Европа, која заминала во САД и која може да се врати и да стане новиот Џорџ Вашингтон или Томас Џеферсон на новата,  обединета Европа“, рекол Таминен.

Откако му истече вториот мандат во јануари како гувернер на Калифорнија, Шварценегер, кој е дојден во САД во 1968 година на својата 21 година, се нема во потполност изјаснето на која кариера ќе се посвети – на филмската или политичката. Тој стави на знаење уште многу одамна дека би се кандидирал за претседател на Америка, доколку не постојат уставни ограничувања.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma