Sienna Miller пред извесен период го тужеше британскиот таблоид News of the world кој призна дека ја прислушкувал говорната пошта на нејзиниот мобилен телефон.
Таа официјално го доби судскиот спор, при што магазинот ќе и исплати оштета од 100.000 фунти. Ова не е прв случај за кој овој магазин е тужен. Уште многу личности од шоубизнисот чекаат на одлуката на судот. Многу новинари од овој магазин се уапсени, токму поради прислушкување.