Иранката Аменех Бахрами (32) која била потурена со сулфурна кииселина од поранешниот дечко, сега ќе може да му врати со иста мера, таквиот чин го одобрил судот во Техеран, според принципите и законите на Стариот завет, “око за око, заб за заб”
Маџид Емовахеди (27) во 2004 година на Аменех и истурил киселина на очите поради тоа што таа одбила да се омажи за него. Таа ослепела и се здобила со сериозни изгореници на лицето, врз нејзе биле извршени 17 операции но не успеале да и го вратат видот.
Таа не сакала пари, барала одмазда.
Првично судот на Маџит му одредил казна затвор и надомест во износ од 20.000 €, но девојката тоа го одбила, и повторно се жалела на судот. Таа сакала одмазда на ист начин, велејќи дека тоа ќе имало “предупредувачки ефект на сите идни потенцијални насилници.” Судијата на крајот го прифатил предлогот.
“Ме исмејуваше пред судот, а сега ме моли за милост. Тој сака да му оставам барем едно око, но премногу доцна за тоа”, рекла Аменех.
Многу мислат дека нејзината одмазда е варварски чин, но таа јавно изјавила: “За колку пари сега биле на мое место? За колку пари би сакале да си ги продадете вашите очи?”.