Симптоми кои не треба да ги игнорирате

25 јуни, 20110
Thyroid-Problems-in-the-Body

Губење на воздух или необјаснета болка во грлото може да изгледаат како мала непријатност, но всушност тоа се знаци на кои треба да внимавате.

Губење на свест или губење на воздух

Може да биде знак дека постои тромб на белите дробови, познат како белодробна емболија, кој е фатална во еден од три случаи. Имајте во предвид, зголемувањето на телесната тежинаможе да го зголеми ризкот од белодробната емболија.

Необјаснети болки во грлото

Може да биде знак за срцев удар. Жените често ги известуваат лекарите дека чувствуваат непријатност во вилицата или грлото, мачнина, потење и необјаснет замор пред напад, додека класичните симптоми како што се болка во градите и на рацете се почести кај мажите. Според последните податоци од Националниот институт за јавно здравје, кардиоваскуларните болести се најчеста причина за смрт. Од болести на срцето и крвните садови најчесто умираат жени (54,8%).

Невообичаено вагинално крварење

Крварењето надвор од редовните менструални циклуси може да биде спореден ефект на контрацептивните средства, но и сигнал за вонматерична бременост, воспаление на грлото на матката, па дури и рак на матката. Без оглед на причината, закажете преглед кај вашиот гинеколог веднаш штом ќе забележите ваков симптом.

Постојани стомачни проблеми

Ако имате диареа, грчеви или ректално крварење, не чекајте да помине неделата со надеж дека проблемот сам по себе ќе исчезне. Овие симптоми можат да бидат знаци за воспалителна болест на цревата (Кронова болест илиулцеративен колитис), со што се зголемува ризикот од рак на дебелото црево. Дури и ракот на јајниците може да се појави прво како хронично гастроинтестинални проблеми како што се притисок, надуеност, варење и запек.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *